| Општина Штип ќе штеди струја скратувајќи го уличното осветлување за 4 часа |
| Понеделник, 13 Февруари 2012 13:21 | |||
|
Утре, (вторник, 14-ти февруари 2012) ќе биде извршено ново темпирање на тајмерите за вклучување на уличното осветлување. Согласно истото, уличното осветлување ќе се вклучува во 18 часот а ќе се исклучува во 3 часот наутро. Со репрограмирање на тајмерите, Општина Штип ќе обезбеди заштеда на електрична енергија од уличното осветлување од 4 часа дневно, бидејќи сега уличното осветлување се вклучува во 17 часот а се исклучува во 6 часот наутро. Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и претпазливи,посебно во периодот по 3 часот наутро, да внимаваат на своите движења со цел избегнување на можни последици. Одлуката која е донесена е во интерес на сите граѓани а согласно насоките на Владата за заштеда на електрична енергија и нејзино рационално трошење. Воедно, Општина Штип упатува апел до приватните правни субјекти, доколку се во можност да пристапат кон исклучување на светлосните реклами и останатите светлечки тела за кои сметаат дека нема да им го нарушат текот на работата и со тоа да придонесат во заштеда на електричната енергија. Ви Благодариме за разбирањето Општина Штип
|