Дома Соопштенија Честитка од градоначалникот на Штип, по повод Свети Трифун
Честитка од градоначалникот на Штип, по повод Свети Трифун
Вторник, 14 Февруари 2012 13:31
Gradonacalnik_d-r_Zoran_Aleksov_2_resizeПочитувани,

Дозволете ми од лично име и од име на Општина Штип да Ви го честитам христијанскиот празник. Свети Трифун. Неговата историја е вкоренета во нашата црква, кога со генерации се крштевала „Трипунска вода“ за која се верувало дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи и дека истата ќе им донесе бериќет и плодоносна година на лозарите и градинарите.
Ова е време кога преку кроењето на младите лозови гранки, не само што ја обновуваме нашата вера и нашата традиција, туку се поврзуваме како луѓе за заедничко општествено добро.

Легендата вели дека Свети Трифун го разделил своето богатство на сиромашните и живеел скромен живот во неговото родно село во Фригија. Бил погубен, но не отстапил од својата вера, од вербата во бога и од луѓето за кои правел добри дела сиот свој живот. Свети Трифун е токму една од богатите традиции која продолжува со несмален интензитет да ги обединува прво лозарите и овоштарите, но многу подлабоко да создава врски помеѓу луѓето и да го продлабочува убавиот збор и пријателство.

За многу години сограѓани,

Градоначалник на Штип
д-р Зоран Алексов
 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер