Дома Соопштенија Честитка по повод 11 Октомври Ден на народното востание
Честитка по повод 11 Октомври Ден на народното востание
Среда, 10 Октомври 2018 14:00

Blagoj BocvarskiГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упатува честитка до сите граѓани на општина Штип, по повод денот 11 Октомври Ден на народното востание, во која се вели:

„Почитувани

Дозволете да го честитам Денот на народното востание – 11 Октомври на сите мои сограѓани.

Ова е денот кој треба да нè потсетува на храброста и одважноста на нашите предци и на она што го наследивме од нив, а тоа е одлучноста да се спротивставиме на злите и деструктивни сили и заедно да работиме за од Македонија да направиме подобро место за живеење.

Овој голем државен празник е симбол на непокорот и правдољубивоста, но и темел на вековната определба на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, интегрирана држава и мирен и достоинствен живот. Историјата нè потсетува на државничките чекори на нашите предци, на нивните одлуки кои тогаш се чинеле тешки, но времето покажало дека се и правилни.

Сегашноста ни дава можност да продолжиме да работиме во истиот дух на непоколебливост, одлучност и правичност, а за подобра иднина на нашата држава. Денес и сега е моментот кога пишуваме историја, сите заедно и во духот на вистинскиот патриотизам да ја внесеме Македонија во европското семејство. Тоа е стремежот на граѓаните, на сите нас.

Нека ни е среќен 11 Октомври,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

 

kvalitet na vozduh PM10 resize

Moja opstina-baner resize

Makfest 2012 resize

ombudsman

Банер

ekoloski-dozvoli-baner

Календар

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize