Дома Соопштенија Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април
Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април
Среда, 08 Април 2020 12:47

opstina-stip-zgrada-3Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, на сите сограѓани од ромската заедница.

„Во мое име и во име на Општина Штип на нашите сограѓани од ромската етничка заедница им го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, со желба за многу здравје, среќа и успеси на личен и професионален план.

Ова се моменти на искушение, кога сите заеднички сме исправени пред голема препрека, моменти кога сите со заеднички сили и капацитети се бориме за нашето здравје и справување со вирусот Ковид 19, моменти кои ни укажуваат дека овој опасен вирус, не бира вера, нација или било каква друга припадност.

Затоа нашата сплотеност и нашиот ангажман ќе бидат клучниот фактор во оваа борба.

Драги сограѓани,

Вашите предлози и идеи за развојот на Штип се подеднакво почитувани и применувани, затоа нашиот град беше прогласен за најпријателска ромска општина.

Заедно да продолжиме да го чекориме патот на инклузивното општествно, пат во кој секој еден е важен и сечии капацитети се важни за заедничкиот напредок.

И во овие тешки времиња, да се потсетиме дека нашата држава постигнува огромни успеси, членството во НАТО што значи сигурна и безбедна држава и преговори за членство во Европската унија. Тоа се нашите заеднички цели!

 

Почитувани пријатели,

Во моменти кога наш приоритет е справување со овој опасен вирус, ви посакувам многу здравје, среќа и семеен мир. Повторно ќе дојдат добри денови, повторно ќе бидеме со нашите пријатели и проширени семејства, повторно ќе се среќаваме и дружиме.

До тогаш, да бидеме одговорни и да го чуваме личното и колективното здравје,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2020
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize