Дома Соопштенија Честитка по повод денешниот празник Велигден на граѓаните од католичката вероисповед
Честитка по повод денешниот празник Велигден на граѓаните од католичката вероисповед
Недела, 12 Април 2020 16:05

Blagoj BocvarskiПочитувани, Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упатува честитка по повод денешниот празник Велигден до сите граѓани од католичка вероисповед, а во која стои:

„Денешниот ден е значаен за многу наши сограѓани, но и за многу христијани насекаде во светот. Нека симболиката на денешниот празник го зацврсти победничкиот дух кај сите, особено во овие тешки времиња во кои се соочуваме со сериозни предизвици и искушенија.

 Навиките и ритуалите ги менуваме и прилагодуваме за да дадеме соодветен одговор на новата здравствена закана - вирусот COVID-19.

Но, тоа не е пречка за граѓаните верници да го почувствуваат значењето на денешниот празник. Напротив, токму сега се изразува силата на духовната поткрепа и големината на човековата надеж.

 Тие се главни водилки во надминувањето и на најголемите искушенија. Во нашата битка ќе истраеме и од неа ќе излеземе посилни, помудри и повредни. Како и секогаш - животот ќе победи.

 На сите граѓани кои денес слават Велигден им посакувам празникот да го поминат во духовен мир, хармонија и со верба за подобро утре.

Честит празник и за многу години!,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јули 2020
П В С Ч П С Н
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize