Дома Соопштенија Над 260 граѓани сами пријавиле нелегални конструкции
Над 260 граѓани сами пријавиле нелегални конструкции
Вторник, 10 Август 2010 12:18

Акdivogradbi2цијата за пријавување на нелегално изградени објекти, доградби или надградби се одвива без поголеми пречки. За две недели откако беше упатен повик до граѓаните за самостојно пријавување, до сега се одзвале над 260 граѓани или во просек, во двете седмици по околу 130 заинтересирани.

divogradbiПаралелено тече и теренската евиденција. До сега се евидентирани околу 60-тина објекти од месноста Суитлак која е една од зоните каде се лоцирани најголем дел од дивоизградените објекти. Освен евидентирање, се врши и информирање на граѓаните бидејќи дел од нив не се запознати со повикот и постапката па сметаат со оглед на тоа што станува збор за неурбанизиран дел, не треба да ги пријавуваат дивоградбите. Напротив, постапката е важечка за сите граѓани, без оглед на тоа дали станува збор за комплетно нелегален објект во урбанизирана или неурбанизирана зона, или пак за надградба, доградба и слично.

Интересот за пријавување се зголемува, заради што Општина Штип уште еднаш ги информира граѓаните дека за самостојното пријавување веќе се изготвени посебни обрасци кои треба да ги потполнат во Центарот за информирање на граѓаните, односно во Едношалтерскиот центар, каде има поставено посебна ознака за пријавување на дивоградбите.

Пријавувањето на дивоградбите ќе трае до 30 септември.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер