| Истече рокот за сугестии по предлог законот за третман на дивоградби |
| Понеделник, 16 Август 2010 10:18 | |||
|
Како што е познато, Градоначалникот на Општина Штип, д-р Зоран Алексов, ги повика сите сограѓани да земат учество во изготвувањето на Законот за третман на бесправно изградени објекти со предлагање на свои сугестии или давање на забелешки на членовите од работната верзија на законот. Но до крајниот рок за ова, (недела, 15-ти август 2010) на официјалниот е-маил за ова не е пристигната ниту една забелешка. За да имаат увид во предлог верзијата на Законот за третман на бесправно изградените објекти, истиот беше поставен на веб сајтот на општината (се уште може да се преземе) со цел граѓаните да можат да го симнат, разгледаат и евентуално доколку имаат забелешки, сугестии или предлози за негово дополнување, истите да ги достават до локалната самоуправа. Целта на овој повик беше граѓаните да се вклучат со серија размислувања и идеи, кои доколку се покажат како основани би биле разгледани од стручните лица а потоа и доколку е можно преку соодветна формулација би влегле во конечната верзија на Законот. Меѓутоа и по серија апели и укажувања, граѓаните не дадоа свои видувања иако нацрт верзијата можеше да се разгледа по што би се дале забелешки. Сепак Општина Штип останува отворена за сугестии и по истекувањето на рокот, бидејќи создавањето на добар закон е во интерес на институциите на системот а пред се на самите граѓани. Граѓанските мислења можат да се доставуваат на е-маил на адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или директно во Едношалтерскиот центар во Општина Штип. Забелешките и сугестиите потоа ќе се испратат до Министерството за транспорт и врски.
Забелешка: На веб страницата на Општина Штип може да се преземе работната верзија на Законот. Граѓаните можат да го разгледаат по што можат да упатат забелешки на посочената е-маил адреса.
|