| Ден на АРМ – 18-ти август |
| Вторник, 17 Август 2010 11:36 | |||
|
На свеченоста се очекува да присуствуваат високи гости од МО на РМ, ГШ на АРМ, Здружената Оперативна Команда, претставници на локалната власт и други цивилни субјекти, членовите на семејствата на загинатите и повредените бранители од Единицата и претставниците на медиумите. Во рамките на одбележувањето на 18-ти Август „Денот на АРМ” во знак на сеќавање и почит кон загинатите борци за слободата и самостојноста на Република Македонија од страна на делегации од локалната власт Штип и Карбинци, Сојузот на Борците, од единицата, од членовите на семејствата на загинатите бранители и од други цивилни институции и авторитети ќе се положи свежо цвеќе на спомен обележјата: Споменик на револуцијата “Исар” во 09:00 часот и пред спомен обележјето „Македонија” во касарната ,,Јане Сандански” во 09:35 часот. Прославата на Денот на Армијата на Република Македонија АРМ за свој роденден го слави 18 август, денот кога во 1943 година е формиран баталјонот „Мирче Ацев“ како прва регулирана воена единица на Народноослободителната војска на Македонија, која за кратко време прерасна во респектабилна армија и дел од антифашистичката коалиција. Овој датум го означува континуитетот на слободарскиот дух на двата Илиндена и претставува темел на Армијата на независна суверена Република Македонија. Во рамките на одбележувањето на 18-ти Август „Денот на АРМ“, во неодамна спроведената хуманитарна акција на ниво на АРМ, „скорпиите“ донираа хуманитарна помош во облека, обувки и хигиенски потрошни материјали за потребите на Црвениот крст на Република Македонија, со што уште еднаш ја покажаа својата хуманоста на дело. Се покануваат претставниците на локалните медиуми (новинари, сниматели, фоторепортери) од зоната на одговорност да го проследат и да известуваат за настанот. Поради запазување на процедурите на влезот во касарната „Јане Сандански” во Штип, пристигнувањето пред пријавницата бр.1, треба да биде најдоцна до 09.20 часот.)
|