Дома Соопштенија Една година – Дневен билтен на Општина Штип
Една година – Дневен билтен на Општина Штип
Четврток, 26 Август 2010 08:16

Dneven_bilten-Opstina_StipЕлектронскиот дневен билтен на Општина Штип денес го слави својот прв роденден. На 26 август 2009 година, почна да функционира Е-билтенот на локалната самоуправа со кој новинарите од Штип па и пошироко почнаа да добиваат информации за настаните кои се случуваат во локалната самоуправа.

Е-билтенот беше одлично прифатен од новинарите а взаемната соработка е зацврстена и подигната на повисоко ниво додека интересот за работата на локалната самоуправа, Градоначалникот, Комисиите, одделенијата и останатите служби благодарение на новинарите е поблиску до граѓаните.

Како резултат на успешното функционирање на Е-дневен билтен, ЗЕЛС веќе истакна дека станува збор за една од најуспешните практики ширум Македонија за минатата година.

Од тие причини, одговорните од односи со јавност на Општина Штип во соработка со ГТЗ започнуваат со реализација на проект за вклучување на дневниот билтен во работата на соседните општини како и во другите региони. Првичната идеја е да се воспостави ваква пракса во источниот-плански регион а преку серија работилници со оваа позитивна практика ќе бидат запознаени и општините од Југоисточниот плански регион. Едукацијата на општините од овие два региона ќе се одвива во текот на месец септември-октомври што претставува своевиден успех за Општина Штип.

Покрај постојните рубрики во дневниот билтен (денес, вчера, корисни информации, најави, викенд настани) од денес се воведува уште една со наслов „На денешен ден...“. Во оваа рубрика ќе се навраќаме на настаните кои биле актулени на истиот или проближно блискиот датум, една година наназад, како еден вид на потсетник за она што било актулено порано.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер