| Честитка по повод Денот на независноста - 8. септември |
| Среда, 08 Септември 2010 08:32 | |||
|
драги Македонци, драги штипјани, 19-годишното зацврстување на самостојноста и суверенитетот на Република Македонија, денес е голем повод за упатување честитки кон сите вас како македонски граѓани. За таа цел, во мое лично име и во име на Општина Штип, со гордост ви го честитам Денот на независноста, сакајќи да го потенцирам заедништвото со кое пред 19 години ја потврдивме нашата волја за самостојна, независна и суверена држава, со тенденција заеднички да ја градиме да биде самоодржлива и демократска, промовирајќи ги принципите на современиот свет. Ова што е изградено и што денес го имаме е Македонија! Ова е нашиот живот, стремежот на нашите предци и аманетот за идните генерации! Ова е доказ дека можеме и знаеме да се обединиме кога е прашање Македонија без оглед на етничката, верската или партиската припадност. Затоа, до целото наше штипско мултиетничко општество, до сите свои сограѓани, упатувам честитки и искрени желби за мир, благосостојба, просперитет, подобра иднина и лична среќа. Честит празник, Македонци! Нека ни е вечна Македонија! Градоначалник на Општина Штип, д-р Зоран Алексов
|