| Пријавени над 700 дивоградби |
| Понеделник, 13 Септември 2010 13:15 | |||
|
Според евиденцијата, до сега своите дивоградби, надградби и доградби ги пријавиле над 700 штипјани. Акцијата за самостојно пријавување е предвидено да трае до 30-ти септември. Воедно, комисиите кои излегуваат на терен до сега изготвиле над 100 записници. Според евиденцијата, до сега се детектирани околу 3020 дивоградби но се претпоставува дека нивниот број ќе биде поголем. Акцијата е вовед во претстојните активности за евиденција на дивоградбите по евентуалното изгласување на законот за третман на бесправно изградените објекти.
|