| ЧЕСТИТКА - Мала Богородица |
| Понеделник, 20 Септември 2010 14:00 | |||
|
драги сограѓани – штипјани, Во знак на раѓањето на Благодетна Марија, Вам почитувани верници од православието, во свое лично име и во име на Општина Штип, Ви посакувам претстојниов празник да ви биде почеток на светли мисли и неизмерна сложност во Вашите семејства. Сите Вие кои го величате Бога, на овој голем празник, примете го сето она што го примила Богородица, а тоа се: благодетта, премудроста и радоста на духот. Со вербата во човековото спасение, преку овој светол празник сите наши сограѓани нека го примаат огромниот благослов кон човештвото, даден преку делата на Пресвета Богородица.
Општина Штип Градоначалник д-р Зоран Алексов
|