Дома Соопштенија Јавен повик за времено ангажирање на 5 лица
Јавен повик за времено ангажирање на 5 лица
Понеделник, 27 Септември 2010 14:53

javen_povik_resizeСо цел имплементација на проектот на Општина Штип и Општина Карбинци „Евидентирање на дивоизградените Објекти“, финансиски подржан од Програмата УНДП „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“.

Општина Штип и Општина Карбинци распишуваат :

 

ЈАВЕН ПОВИК

за времено ангажирање на 5 лица

Се охрабруваат сите заинтересирани невработени лица (апсолвенти и дипломирани) од Општина Штип и Општина Карбинци да аплицираат преку поднесување на следниве документи:

-       кратка биографија;

-       фотокопија од уверение , диплома  или копија од индекс;

-       фотокопија од лична карта.

При селекцијата предност ќе имаат кандидатите со:

-       високо образование или апсолвенти;

-       искуство при изведување на теренска работа за  репроценка на данок на имот;

Лицата кои ќе ги исполнат условите на повикот, ќе бидат времено ангажирани за период од 1  месец, при тоа 4 лица ќе бидат ангажирани во Општина Штип, а 1 лицe во Општина Карбинци.

Поднесувањето на документите ќе се врши во архивите на Општините Штип и Карбинци во работните денови од 8:30 до 16:30 часот во периодот од  28 септември до 01 октомври 2010 год.

Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени пет дена по истекувањето на рокот за пријавување и ќе бидат истакнати на огласните табли во административните згради на Општина Штип и Општина Карбинци.

Општина Штип

Градоначалник

д-р Зоран Алексов

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер