Дома Соопштенија Конкурс за доделување на годишно признание на Советот на Општина Штип за 2010 година
Конкурс за доделување на годишно признание на Советот на Општина Штип за 2010 година
Четврток, 30 Септември 2010 14:27

stip_centar_panorama-2Врз основа на член 6. од Одлуката за востановување на општински награди и признанија (Службен гласник на Општина Штип бр.11/06), Комисијата за доделување на награди , на седницата од 30. септември        2010 година распиша

 

 

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГОДИШНО ПРИЗНАНИЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП ЗА 2010

  • Признанието на Општина Штип се доделува на физички и правни лица од Општина Штип и од Република Македонија како знак на општо признание за особени постигања и придонес во афирмацијата и развојот на градот во областите: стопанство, наука, уметност, образование, култура, спорт, хуманост и др.
  • Признанието се доделува и по разни поводи за лични залагања и особен придонес за градот во сите области на општественото живеење во периодот од една година до објавување на Конкурсот.
  • Признанието се состои од плакета.
  • Право да предлагаат кандидати имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Штип.
  • Предлогот мора да е образложен, со приложена кратка биографија. Предлагачите притоа мора да приложат и полна адреса и назив на седиштето, односно името и адресата.

 

Конкурсот трае 20 дена од денот на објавувањето. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на награди на Општина Штип, ул. Васил Главинов бб или во архивата на Општина Штип.

 

КОМИСИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

НА ОПШТИНА ШТИП

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Cloudy Partly Cloudy Scattered T-Storms
16°C 24°C 24°C
Сре Чет Пет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер