| Почнаа новите бесплатни курсеви за јазик |
| Среда, 13 Октомври 2010 10:31 | |||
|
Во едношалтерскиот центар во Општина Штип од минатата недела се истакнати списоците за бесплатните курсеви по странски јазици кои по втор пат ги организира Општина Штип. Списоците на сите учесници се истакнати во едношалтерскиот центар и во основните училишта при што секој граѓанин може да провери дали се наоѓа на списокот и воедно навремено да реагира. Курсевите ќе се одвиваат во основните училишта во градот, според принципот на блискост на граѓаните кои ќе изучуваат јазици до тие училишта. На курсевите кои во текот на мај-јуни ги организираше Општина Штип учествуваа над 2300 штипјани додека во вториот дел се пријавија над 1000 штипјани.
|