| Повик до штипските медиуми да номинираат кандидати за наградата 19-ти Декември |
| Понеделник, 18 Октомври 2010 09:23 | |||
|
Минатата година за прв пат беше организирана прослава по повод патронот на град Штип, Свети Никола кој се одбележа на 19-ти декември. И тогаш беше побарано новинарите да дадат свои предлози а конечниот избор го направи Градоначалникот Алексов. И оваа година, медиумите од Штип ќе имаат можност да доставуваат предлози за кандидати кои би ги добиле признанијата по повод 19-ти декември. Предлозите штипските редакции треба да ги испраќаат на е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака „ПРЕДЛОГ КАНДИДАТИ ЗА ПРИЗНАНИЕ 19-ТИ ДЕКЕМВРИ“. Од практични причини им се советува на редакциите да доставуваат максимум по 3 имиња на кандидати. По 15-ти Ноември, Градоначалникот ќе одлучи кои ќе бидат 10-те штипјани кои ќе ги добијат годинашниве признанија по повод патронот на градот Свети Никола кој ќе се одбележи на 19-ти декември.
|