| Одлука за изменет режим на сообраќај на улица „Ванчо Прќе“ |
| Среда, 03 Ноември 2010 13:10 | |||
|
Врз основа член 392 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Сл.весник на РМ“, број 54/07), Градоначалникот на Општина Штип го донесе следното: Р Е Ш Е Н И Е
1. Се воведува измена на режимот на сообраќај на улица „Ванчо Прке“ на потег од Силекс банка до Пеком инженеринг поради одржување на Манифестацијата „Пастрмалијада“ која ќе се одржи во деновите 5, 6 и 7 ноември 2010 година. 2. Потребно е Општината Штип преку локалните медиуми, по потреба од страна на комуналните инспектори да се известат граѓаните и на лице место да им се укаже на сопствениците на моторни возила кои непосредно живеат и поседуваат деловни објекти за навремено отсранување на возилата кои што се паркирани на улица „Ванчо Прќе“ на потегот од паркингот кај Силекс банка до „Пеком инженеринг“ – крак за влез кон ДУ „Гоце Делчев“ и „Домот на културата“. 3. Отстранувањето на паркираните моторни возила да се изврши до 06,00 часот на 05.11.2010 година 4. Потребно е ЈП – „Штип Проект“ да обезбеди потребен број на сообраќајни знаци и браници за означување на препреки на сообраќајни површини и во 07.00 часот на 05.11.2010 година да ги постави и тоа:
5. По завршување на манифестацијата од страна на ЈП „Исар“ веднаш да се исчисти сметот, а на 07.11.2010 година во 24.00 часот од страна на ЈП – „Штип - Проект“ да се отстранат поставените сообраќајн и знаци за времена измена на условите и режимот на сообраќајот и да се воведе постоечкиот режим на сообраќај. 6. Изменетиот режим на сообраќај важи за деновите 5, 6 и 7 ноември 2010 година. 7. МВР - СВР Штип до колку има согледување дека со изменетиот режим на сообраќај ќе дојде до загрозување на безбедноста на сообраќајот од моторни возила и пешаци ќе ја повлече дадената согласност. О б р а з л о ж е н и е
Општина Штип поднесе Барање за согласност до СВР за изменет режим на сообраќај на улица „Ванчо Прке“ на потег од Силекс банка до Пеком инженеринг поради одржување на Манифестацијата „Пастрмалијада“ која ќе се одржи во деновите 5, 6 и 7 ноември 2010 година. По добиената согласност од СВР - Штип со број 31.12.1852 се воведе изменет режим на сообраќај на улицата „Ванчо Прке“ на потег од Силекс банка до Пеком инженеринг поради одржување на Манифестацијата „Пастрмалијада“ и се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Против ова Решение може да се поднесе жалба до Министерот за транспорт и врски во рок од 8 дена од денот на приемот на решението. Жалбата се таксира со 250 денари таксени марки. Градоначалник на Штип д-р Зоран Алексов
|