| Не се одржа состанокот за неконтролиран откуп на секундарни суровини |
| Четврток, 11 Ноември 2010 13:05 | |||
|
Поголемиот дел своето отсуство го правдаа со теренска работа (инспекциски служби) иако поканата за присуство на состанокот им е испратена уште на 4-ти ноември. Никој до денес не најавил отсуство а тоа го сторија во време кога требаше состанокот да започне. На состанокот навреме пристигнаа само општинскиот просветен инспектор, претставникот од одделението за интервенции при СВР - Штип и од животна средина. Состанокот е презакажан при што ќе се настојува да не биде пречка за „теренските“ задачи на потребните учесници. Според укажаното, станува збор за мошне важен аспект од животот во општината со оглед на откупот на старо железо кое како секундарна суровина се откупува во еден од трите постоечки откупни центри. На состанокот треба да бидат разгледани сите аспекти на овој откуп со оглед на тоа што се случува старото железо да биде причина за кражби по што истото завршува во откупните центри.
|