| „Ден на дрвото“ ќе има по 6-ти пат и во Штип |
| Четврток, 11 Ноември 2010 13:13 | |||
|
При тоа, најголем дел се обврска на Општина Штип (35 хектари) и истите ќе бидат засадени со садници од вработените во локалната самоуправа и од институциите кои се во нејзина надлежност. Во акцијата ќе се вклучи и Универзитетот „Гоце Делчев“ кој на планината Плачковица, близу арехолошкиот локалитет Баргала ќе пошуми место со површина од 5.5 хектари наречено „Универзитетска шума“. Планирано е да бидат засадени листопадни дрва. И шумското стопанство Серта ќе биде дел од оваа 6-та акција при што ќе засади садници во месноста Кавакалија кај Криви Дол на површина од 5 хектари. Се очекува да биде утврден датумот, точната локација и бројот на садниците за шестата по ред акција „Ден на дрвото“.
|