Дома Совет Претседател
Претседател на Советот на Општина Штип

02 Marijana R PopovskaМаријана Рогожарска Поповска

 

Родена на 11.08.1988 г. во Штип. Основно и средно образование завршува во Штип. По завршувањето на средното училиште, своето образование го продолжува на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ (прва генерација) во Штип. Додипломските студии ги завршува во март 2013 година со просек 8,85. 

Професионална кариера:

Во 2011 година ( за времетраење на студиите) зема активно  учество во проектот „Учиме право“ во организација на Младински образовен форум, при што се стекнува со серификат за предавач. Во рамки на овој проект спроведува предавања во средните училишта во Штип. 

Во февруари 2013 година е избрана да биде дел од проектот „Новинари практиканти“ при што е дел од обуката за новинари практиканти реализирана од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, по чие завршување станува дела од мрежата дописници практиканти за порталите plusinfo.mk; a1on.mk и sky.mk. На овој проект останува сѐ до неговоро завршување во јануари 2014 г.

Во октомври 2013 година, Рогожарска Поповска е ангажирана од страна на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип како демонстратор за кривично-правни предмети, а како дел од тимот на Правниот факултет е активно вклучена и во формирањето на Клубот на оратори „Rostra vetera“ во чија организација се спроведуваат ораторските вечери.

Како демонстратор на Правниот факултет, Рогожарска Поповска успешно ја заврши и обуката  за помлади предавачи и соработници  организирана од страна на Американската адвокатска комора (Certificate of attendance at the training for Training of trainers basic trial skills, Junior Teaching and Research Cooperate, American Bar Association Rule of Low Initiative).

Од март 2016 година, Рогожарска Поповска е вработена во приватниот сектор, како дел од тимот на компанијата „Тарин-Транс“ како коренсподент за меѓународен транспорт.

Политички ангажман:

На локалните избори во 2017 година, Рогожарска Поповска како дел од советничката листа на СДСМ и коалицијата е избрана да биде советник во Советот на Општина Штип, по што од страна на своите колеги е избрана за координатор на советничка група. На 37 седница на Советот на Општина Штип, одржана на 17.08.2020 г. со мнозинство гласови е избрана за претседател на советот.

 

 


Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Септември 2020
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize