Штип е прекрасно место за живеење, значаен универзитетски центар, збогатен со новите реализирани проекти од Програмата за локален економски развој. Локалната самоуправа, се обидува на секој можен начин да го разубави Штип. Соработувајќи со двете Јавни претпријатија: Исар и Штип - проект ги уредува коритата на реките Отиња и Брегалница, ги реконструира улиците и тротоарите, поставува штедливо улично осветлување, обновува и создава нови зелени површини, паркови, прави детски игралишта и катчиња со детски лулашки. Штип може да се пофали со мошне квалитетна вода за пиење, благодарение на модерната фабрика за вода.
