| Одигран вториот дел од спортските натпревар во склоп на проектот “Дрогата - убиец на младите” |
|
Победничката екипа симболично од градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов доби подарок за освојување на првото место со признание за учеството во проектот “Дрогата - убиец на младите”. Најдобра беше екипата на ОУ Димитар Влахов, додека пред една недела, во рамките на натпреварите за средните училишта, најдобра беше екипата на СОУ Коле Нехтенин. Станува збор за проект кој го спроведува Одделението за превенција при СВР-Штип под мотото “Животот е 1 - Дрогата е 0”. Проектот е со подршка и на Центарот за социјални работи, образовните институции, здравствените работници и други и истиот започна во ноември 2009 и се одвиваше во неколку фази.
|