Дома Деловни информации
Деловни информации

industry1Штип е познат како индустриски регион со развиени индустриски гранки. Основен белег на стопанството во Штип е текстилната индустрија што повеќе од половина век успешно опстојува на штипското тло. Споредено со европските градови, Штип е еден од водечките, според бројот на вработени во текстилството. Тоа значи дека приватните фирми од кластерот се носители на вработувањето на штипјани. Воедно, важни се за воспоставувањето на деловните односи со странските партнери.

Во регионот работат многу модни конфекции меѓу кои исклучително по профитабилноста и значајноста на брендовите се истакнуваат неколку: Албатрос, Кит - Го, Модена, Мавис, Максима, Грација, Беас - С, Бритекс, Штипко, Штип - текс, Вивенди, Милано, Ескада и многу други.

Од аспект на интерните локални прехрамбени industry2производи, на врвот се наоѓа познатата штипска пастрмајлија. Како бренд на градот може да се најде во сите штипски ресторани.

Развојот на индустријата се планира и преку слободната индустриска зона, а како дополнителен стимул се јавува изградбата на карго-аеродром, согласно проект на Владата на Р.Македонија, кој со проширување и преадаптација би прераснал во главен аеродром на државата.

Во Штип вкупната аграрна површина изнесува 31 757 ха, од кои 9906 ха се обработливи површини. Карактеристика и благодет на земјоделството во Штип е тоа што во овој дел на Овчеполието протекуваат водите на ХС Брегалница и поголем дел од земјоделските површини се опфатени со системот за наводнување.

 
Најпрофитни штипски фирми во 2008 година
Понеделник, 07 Септември 2009 11:43

Fabrika_Brilijant_malaСпоред извештаите објавени во 2008 година, најуспешна фирма во Штип е фабриката за производство на масло за јадење Брилијант. Чистата добивка била околу 5 милиони евра. Веднаш зад него е кабелскиот оператор Роби со профит што изнесува 854 000 евра. Трет е Центар дизајн со 771 000 евра, а четврта е Семак Фешан компани со 525 853 евра. Петта на листата е Текстил Логистик Македонија со 521 553 евра заработувачка. Шеста на топ листата еRobi_noke_resize Нико 2002 со 415 804 евра. Змај промет што за една година заработил 390 206 евра е седми на листата. Осма е Беас АБС со 381184 евра, деветта е ФАМ Моде со 359 405 евра и десетти е Езимит вино со 335 296 евра. Сите заедно во 2008 заработиле над 10 милиони евра. Во книгата на најуспешните 200 фирми во државата во 2008 година од Штип влегла само Фабриката за масло Брилијант.

 


prijavi-problem-5

Временска прогноза

Fair Sunny Rain
21°C 29°C 27°C
Сре Чет Пет

Календар

Септември 2010
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер