|
Одделението за урбанизам, градежништво, станбени работи и заштита на животната средина ги врши следните работи:
- спроведување на планската документација;
- стручно следење на степенот на реализација на урбанистичките планови и покренување иницијативи за нивно изменување и дополнување;
- издавање на локациски услови и одобренија за градба на објекти од локално значење утврдени со закон;
- ги следи и планира потребите за домување на подрачјето на Општина Штип, согласно Законот за домување;
- предлага годишна програма и превзема мерки и активности за нејзина реализација, во согласност на Законот за домување;
- донесува мерки за спречување од загадување на животната средина и просторот;
- води постапка за издавање на интегрирани дозволи и спроведување на законите од областа на животната средина;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.
|
|
– Центар за услуги на граѓаните , шалтер бр. 1
Се пополнува пријава до градежна инспекција (готов образец се добива во општината) .
Врз основа на извршениот увид на лице место градежниот инспектор може да издаде:
- Решение со кое се наредува прекинување на натамошна градба.
- Решение со кое се наредува отстранување на објект или негов дел.
- Решение за отстранување на привртемен објект.
Одредувањето на рокот е во зависност од тежината на предметот и е право на инспекторот, но најдоцна во рок од 8 дена. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр. 4
За добивање на Одобрение за промена на адреса се поднесува:
- Барање (готов образец се добива во општината),
- Извод од Детален урбанистички план,
- Решение за доделување на УП,
- Потврда за сопственост,
- Потврда за платени административни такси во висна од 100ден.
Рок за издавање на актот - веднаш. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр. 3
За добивање на Одобрение за промена на инвеститор се поднесува:
- Барање ( готов образец се добива во општината),
- Известување за статус на градител,
- Доказ за статус на инвеститор,
- Потврда за платени административни такси во висина од 2.550ден.
Рок за издавање на актот 7 дена по приемот на комплетната документација. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр. 4
За Одобрение за отстранување на објект или дел од објект се поднесува:
- Барање( готов образец се добива во општината),
- Доказ за сопственост,
- Проект за отстранување на објект или дел од објект,
- Потврда за платени административни такси 330 денари.
Рок за издавање на актот 7 дена по приемот на комплетната документација. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр. 4
За Одобрение за поставување на времен објект се поднесува:
- Барање (готов образец се добива во општината),
- Договор за краткотраен закуп на градежно земјиште,
- Имотен лист за земјиштето,
- Идеен проект за поставување времен објект,
- Потврда за платени административни такси во висина од 1.550ден.
Рок за издавање на актот 7 дена по прием на комплетна документација. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр.4
За заверка на основен проект за градба за кој не е потребно одобрение за градење се поднесува:
- Барање (готов образец се добива во општината),
- Прилози кон барањето:
- Основен проект-ревидиран,
- Потврда за платени административни такси во висина од 3.050ден.
Рок за издавање на актот 5 дена по прием на комплетната документација. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр.4
За добивање на Одобрение за адаптација - пренамена се поднесува:
- Барање (готов образец се добива во општината),
- Доказ за сопственост,
- Согласност од мнозинството сопственици,
- Основен проект за пренамена-адаптација,
- Ревизија за основцниот проект за пренамена –адаптација,
- Извод од урбанистички план,
- Мислења и согласности предвидени со посебни закони,
- Докази за регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште,
- Потврда за платени административни такси во висина од :
- за пренамена од еден вид во друг вид на деловен простор- 1050ден.
- за пренамена од станбен во деловен простор -1550 денари.
Рок за издавање на одобрение за адаптација -пренамена е 7 дена по прием на комплетна документација. |
|
– Центар за услуги на граѓаните - шалтер бр. 4
Веќе изградениот објект за да биде пуштен во употреба неопходно е добивање на одобрение за употреба кое го издава општината.
За добивање на Одобрение за употреба се поднесува:
- Барање (готов образец се добива во општината),
- Завршен извештај од надзорниот инженер дека градбата е изградена согласно со проектот и одобрението за градба или потврда од надзорниот инженер дека основниот или изведбениот проект е проект на изведена состојба,
- Извадок од јавна книга за запишување на правото на недвижности за последната состојба,
- Потврда за уплатени административни такси во висна од:
- За градби од трета категорија 2.050 денари.
- За градба од четврта категорија 2.550 денари.
- За градба од петта категорија 3.550 денари.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 2 |