Дома Закони и правни акти
Закони и правни акти
 
 
 
 
Спроведување на постапката за вработување во Општина Штип

Вработување на државни службеници

  • Градоначалникот донесува Решение за утврдување на потребите од ново вработување. Согласно Правилникот за систематизација решението со барање за распишување оглас се доставува до Агенцијата за државни службеници.
  • Агенцијата го објавува огласот во два дневни весника.
  • Агенцијата формира мешовита Комисија за полагање стручен испит за државен службеник. Комисијата е мешовита од Агенцијата и општинската администрација. Стручниот испит се полага во Агенцијата за државни службеници.
  • Градоначалникот формира Комисија за изготвување на ранг листа од кандидатите што го положиле стручниот испит. Комисијата е мешовита од општинската администрација и Агенцијата за државни службеници.
  • Комисијата за утврдување на ранг листата врши интервју со сите кандидати што го положиле стручниот испит. Изготвената ранг листа ја доставува до градоначалникот на Општината.
  • Градоначалникот врши избор на кандидатите од доставената ранг листа.
  • Целокупната постапка е регулирана со Законот за државни службеници.


Постапка за прием на административно - технички работници

  • Градоначалникот донесува Решение за утврдување на потребите од ново вработување. Огласот се објавува во два дневни весника.
  • Градоначалникот формира Комисија за утврдување на кандидатите кои ги исполнуваат условите.
  • Комисијата доставува преглед на кандидатите кои ги исполнуваат условите по огласот.
  • Градоначалникот врши избор од пријавените кандидати.

Целокупната постапка е регулирана со Законот за работни односи.

 
 
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Лице од општина Штип за обезбедување слободен пристап до информација од јавен карактер е Сунчица Ѓуфтеска. Може да ја контактирате на телефон 032/226621 или преку е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .


 
 


prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy PM Light Rain Heavy Rain
27°C 26°C 22°C
Чет Пет Саб

Календар

Септември 2010
П В С Ч П С Н
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер